ЌЕ СЕ ЗГРОЗИТЕ: Шведски полицаец проговори за пеколот кој го создаваат мигрантите

Swedish_riot_police_at_nationalist_demo-660x450

Шведскиот полицаец  Питер Шпрингаре крена голема прашина говорејќи за јавната тајна околу криминалот кој секојдневно го создаваат мигрантите во Шведска.

На својот Фејсбук профил објави статус кој за многу брзо се прошири низ светот. Многумина поради тој статус го нарекоа расист, а пријавен е и во посебната полициска комисија која ќе го истражува неговиот статус. Полицаецот е пред пензија, па затоа и не се плаши.

Статусот кој говори со какви проблеми со се соочува земјата поради мигрантите ви го пренесуваме во целост:

 “Премногу сум уморен.Ова што го пишувам тука не е политички коректно, но не ми е гајле. Нашите шучилишта се во неред, здравството пекол, полицијата целосно уништена. Сите знаат зошто, но никој не се осудува да каже.

Да почнеме, еве со што се занимавав оваа  работната седмица: силување, силување, кражба, тежок напад, силување со напад, уцена, напад, насилство врз полицијата, закани кон полицијата, криминал со дрога, дрога, криминал, казнено дело, обид за убиство, повторно силување, повторно изнуда и малтретирање…

Осомничени лица: Али Мохамед, Махмуд, Мохамед, Мохамед Али, повторно, повторно, Кристофер…чекај, дали е ова вистина? Да, шведско име се замешало со другите престапници. Мохамед, Махмуд, повторно, повторно…

Земјите од каде доаѓаат овие луѓе: Ирак, Иран, Турција, Сирија, Авганистан, Сомалија, повторно Сирија, Сомалија, непознато, непозната земја, Шведска. За половина од осомничените не можеме да бидеме сигурни затоа што немаат важечки документи. Што самото по себе значи дека лажат за својата националност и идентитет.

Запомнете, зборуваме само за општината Оребро. Ете како тоа изгледа овде”.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.