“Ќе се гушка ли Трговскиот во Скопје денеска? Наместо зелен кров, никна угостителски објект?”

Во екот на локалните избори 2013-та година во неколку навратис се организираа протести под мотото „Гушни го ГТЦ“, кои исто така е поддржана и од Асоцијацијата на архитекти на Македонија со цел да се спречи реновирањето на ГТЦ. Граѓаните кои протестираа бараа да се зачува автентичниот изгледа на Градскиот трговски центар и бараа истиот да го задржи автентичниот изглед како и да биде прогласен за културно наследство.

Сепак ништо од ова не се случи, трговскиот не само што не се реставрираше туку се промени и автентичниот изглед на ГТЦ. Шилегов во повеќе наврати се пофали со новиот проект „зелен покрив“ на ГТЦ.

Градот Скопје за да стимулира реобновување на ГТЦ испланиравме и на површина од илјада и 800 метри квадратни метри градот со ГТЦ и УНДП да се инвестира во зелен кров истакна Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во гостувањето на Канал 5 телевизија изјави дека е многу нормално на сите јавни површини да има и места и објекти кои ќе ги привлекуваат луѓето.

Но сепак она што се наоѓа на кровот на ГТЦ личи на се освен на „зелен покрив“ или можеби зелениот покрив по кафиќот се познава.На покривот на ГТЦ наместо зеленило никна бетонска конструкција. Останува неодговорено прашањето дали оној чир кој никна на кровот на трговскиот е угостителски објек?!

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.