“Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго!”
Ова го пишува професорката Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик во врска со презентација на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието кои најавуваат дека веќе ќе нема посебен предмет историја туку историските факти ќе се учат како дел од “Општествени науки”.
“Мене навистина не ми е јасно како е можно Историја, Граѓанско образование и Географија да се изичуваат во еден предмет и тоа од прво до деветто одделение. Ужас!”, пишува Маџоска.
Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго!
— Simona Gruevska Madjoska (@simonagrum) December 15, 2020
Од година во година постојано ги осакатуваат децата со постојаните експериментирања и нови програми во образованието, пишува друг родител во дебатата на социјалните мрежи.
Досега во јавноста немаше информации дека се работи на укинување на предметот историја.
Засега нема информации дали укинувањето на предметот историја има врска со споровите со Грција и Бугарија и барањата од таму за промени во учебниците.
Во продолжение презентацијата на МОН и БРО: