Ќе остане ли Првата лига пуста желба за Победа? Нов пораз денеска на домашен терен

Победа полека ја губи трката со конкурентите за влез во Првата лига.

Откако минатата недела црвено-белите загубија кај Саса во Македонска Каменица, денеска нов пораз од Слога на домашен терен.

Гостите од Виница го добија натпреварот на градскиот стадион “Гоце Делчев” со 1:2 (0:1 на полувремето) и го задржаа првото место на табелата од Втората лига – Исток.

Ова е трет пораз за прилепчани сезонава, кои досега имаат 8 победи и два нерешени резултати. Победа се наоѓа на третото место од табелата со бод помалку од Саса и дури 5 помалку од Слога.

Иако до крајот на сезоната остануваат уште многу натпревари, денешниот дуел на Градски во Прилеп од многумина беше оценет како клучен за првото место.

Во наредното коло Победа му гостува на Осогово, Слога на домашен терен го пречекува Детонит, а Саса ја пречекува Беласица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.