Ако има одмори по завршувањето на пандемиjaта, веројатно ќе бидат во локални рамки, пишуваат германските медиуми и додаваат дека министрите за туризам на Европската унија немаат временски план за оживување на патувањата.
Кога и како границите ќе бидат повторно отворени за патнички сообраќај, во моментов никој не може да каже со сигурност, смета парламентарниот државен секретар на Гермнаија, Томас Барајс.
“Малку е веројатно дека германските туристи ова лето ќе патуваат во Шпанија или Грција. Најверојатно Германците оваа година ќе останат во својата земја или во својот регион. И тука има убави дестинации”, вели Барајс.
Туризмот оваа година ќе биде со намалени резервации за пакет-аранжмани и до 70%, а најтешко би можеле да бидат погодени компаниите кои организираат крстарења, кои обемот на работа ќе им биде помал и до 90%. Ова е проценката на Европската комисија.