Ќе има ли воопшто СДСМ кандидат за Градоначалник на Прилеп?

Поминаа четириесетина дена кога Сугарески со кандидатурата јавно искажа амбиција да се проба и како аспирант за Градоначалник…

Се чини дека со тоа започна агонијата, поделбите и хаосот во општинската организација. Неколку денови пред тоа и Јованоски прв ја објави својата желба да се проба по втор пат, и да ја бара довербата од прилепчани.

Во меѓувреме почнаа и експресно завршија неуспешните трибини по месните и урбаните заедници, бидејќи јасно се има согледано негативното настроение на народот кон оваа власт.

Потоа започна и акцијата “од врата на врата”, која заврши со тотален крах, или народски кажано “сите низ врата!”.

Вакуум просторот им даде шанса на разочараните и излажаните да кренат раце од СДСМ, и да дадат поддршка на други кандидати.

Поделеноста е очигледна, таборите се веќе целосно конфронтирани, а нервозара расте, бидејќи сите ги знаат и анкетите, кои патем се најлоши во историјата на СДСМ Прилеп.

Останува да почекаме до следната среда дали воопшто ќе има опозицијата кандидат и дали поразениот табор ќе оди со своја независна листа и кандидат.

За помалку од шеесет дена се очекува опозицијата да ја преземе власта во Прилеп и конечно повторно оваа урбана средина да заличи на вистински град.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.