Ќе изгориме од жештина: По дождливата пролет ни доаѓа пеколно лето

Претстојното лето во Македонија, но и пошироко на Балканот и во Европа ќе биде особено топло со значително натпросечно високи температури на воздухот и чести продори на топли воздушни бранови кој ќе пробиваат од северните предели на Африка. Ова лето Македонија очекува неколку топлотни бранови со температури кој би се искачиле и над 40°C, најавува Славчо Поповски.

-Сепак ваквата појава е многу нормална за нашиот дел од континентот, а сето ова е поради феноменот Ел Нињо кој носи потопло време, но и повеќе врнежи. Што се однесува пак до врнежите тие ќе бидат над просекот што значи очекуваме почести дестабилизации на атмосферата проследена со поројни дождови, грмежи, силен ветер како и појава на град а не се исклучува можноста и за локални поројни поплави – вели Поповски.

Освен Македонија со многу топли бранови треба да се соочи и регионот како и поголем дел од Европскиот Континент, сепак и покрај ова ќе има повремени продори од север кој ќе условуваат и освежување на времето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.