Ќе го стигне ли некој некогаш? Кире Лазаров ќе го игра 17-то четвртфинале во Лигата на шампиони во кариерата (Видео)

Кире Лазаров ќе игра на седумнаесеттото четвртфинале во Лигата на шампиони во неговата кариера, рекорд кој тешко дека некој во блиска иднина ќе го стигне.

Европската кариера ја започна во септември 1995 год, кога на 15-годишна возраст го одигра првиот меч во Лигата на шампиони во дресот на Борец од Велес.

Ова ќе биде трето негово четвртфинале во дресот на Нант, а најмногу (вкупно 5) има одиграно за Веспрем од 2002 до 2007 година.

Лазаров кој пред два дена наполни 41 година е прв стрелец на сите времиња во Лигата на шампиони на ЕХФ, со постигнати неверојатни 1471 погодок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.