ЌЕ ГО СМЕНИМЕ ИМЕТО, А НЕМА ДА ДОБИЕМЕ НИШТО: Грчката влада ги живее последните денови – државата се наоѓа во страшна криза

Македонија и Грција потпишаа договор со кој би требало да го промениме државното име во Северна Македонија. Грците инсистираа тоа да биде “erga omnes”, а “нашите” прифатија, и покрај тоа што во предизборната кампања му ветуваа на граѓаните дека ќе го зачуваат државниот идентитет.

За среќа, за да се ратификува договорот со Грција потребен е потпис од Претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој не сака ни да чуе за промена на државното име.

Но, она што останува нејасно е: Што ќе добиеме ние доколку сегашната Влада во Грција ги загуби изборите? Сите ги знаеме ставовите на опозицијата. Кој ќе и гарантира на Македонија дека и покрај промената на името Грција нема повторно да го искористи правото на ВЕТО?

Во грчките медиуми веќе се пишува дека грчката влада ги живее последните денови.

Економијата им е катастрофа, па иако во август истекува третиот и последен “меморандум” за финансиската помош од ММФ и Европска централна банка, мерките за штедење се продолжуваат.

Најжешкиот бран на смалување на пензиите до сега ќе се спроведе, на крајот на оваа и почетокот на 2019 година. Овој бран ќе ги опфати и пензионерите со најмали примања, кои претходно беа поштедени.

Се проценува дека смалувањето ќе опфати 1.1 милиони пензионери. Од нив 250.000 пензионери ќе имаат “огромни намалувања” на пензијата почнувајќи од декември.

Министерството за социјална сигурност на Грција, објави дека нема да бидат споделени со јавноста информации за износот на намалувањата, бидејќи таква обврска не е предвидена со закон.

Грчките медими пренесуваат дека намалувањата би биле и до 50% од пензијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.