Ќе го препознаете ли ова место во центарот на Прилеп? Фотографија од 50-тите години на минатиот век

Педесетти години од минатиот век. Зјае празнина како тепсија, на местото каде сега е настаменет Домот на културата.

Улицата се уште ја нема, но тука е еден од триаголниците со трева, што бил карактеристика за тој период.

Правлив простор од скелињата и рамките на кои се суши миризливиот тутунот и малите куќички како кутии неправилно распоредени, даваат слика на сиромашен Прилеп.

Само зеленилото во дворовите укажува на потребата на луѓето од природен спој.

Десно е зградата на киното Работнички и Синдикатот, а вишнее и црквата Свети “Кирил и Методиј” или Параклис. Се истегнал и Тутунскиот комбинат. Бдеат и Марковите Кули.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.