На тренерот на РК Прилеп, Кузманоски, вечерва му претстои голем тест на клупата на прилепскиот Суперлигаш. Прилепчани со почеток од 16:00ч. и’ гостуваат на Струга, екипа која со два бода помалку од Прилеп е пласирана на десеттото место на табелата.
Ова е натпревар кој мора да се добие и да се зголемат шансите за опстанок во суперлигашкото друштво. РК Прилеп има само 5 победи и дури 12 порази во досегашниот дел од сезоната, а според правилата на ракометната куќа на ракометот му претстои нова плеј-аут битка на крајот од сезоната.
Од сезоната 2022/23 машката Суперлига ќе брои десет ракометни екипи односно екипите со остварен пласман прво до осмо место од сезона 2020/21 и победникот од бараж натпреварот помеѓу деветтопласираниот во Суперлигата и второпласираниот од Првата лига од сезона 2021/22 и победникот од Првтаа лига од сезона 2021/22, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем.
• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин двапати по девет кола) – вкупно 18 кола.
• По завршување на 18. коло ќе се игра плеј-оф и плеј-аут, односно екипите пласирани/рангирани од прво до шесто место ќе ја формираат групата плеј-оф од шест екипи, екипите со остварен пласман седмо до десетто место ќе ја формираат групата плеј-аут.
• Во плеј-оф екипите се натпреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин двапати по пет кола) – вкупно десет кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните осумнаесет кола, по принципот:
Првиот пренесува 5 бода
Вториот пренесува 4 бода
Третиот пренесува 3 бода
Четвртиот пренесува 2 бода
Петтиот пренесува 1 бод
Шестиот пренесува 0 бодови
Во плеј-аут групата, формирана од екипите од седмо до десетто место, разигруваат по еднокружен бод систем (домаќин – гостин двапати по три кола) – вкупно шест кола за опстанок во Суперлигата, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните осумнаесет кола по принципот:
Седмиот пренесува 3 бодови
Осмиот пренесува 2 бода
Деветтиот пренесува 1 бод
Десеттиот пренесува 0 бодови
По добивање на конечниот пласман во плеј-аут првиот и вториот остануваат во Суперлига, третиот од Суперлигата плеј-аут игра бараж со вториот од Првата лига за опстанок во највисок степен на натпреварување, четвртиот од Суперлигата плеј-аут plаy преминува во Прва лига, а првиот од Прва лига влегува директно во Суперлига
Натпреварот помеѓу Струга и Прилеп можете да го следите во живо на линкот во продолжение: