Ќе го добие ли Тутунски Комбинат Прилеп најмладиот Генерален директор со 34 години?!

По неколку месеци очекување Владата ги доставила предлозите за извршни и неизвршни Директори во Тутунски комбинат.

Според нашите информации на листата предлози се: Зоран Петрески актуелен директор на основното училиште “Страшо Пинџур” во с. Мало Коњари, Александар Алексоски вработен во “Гентерм” и актуелен советник во Советот на општина Прилеп, Гоце Николоски и Саше Вељаноски, поранешен директор на комуналното претпријатие во општина Долнени и актиелен претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ во оваа општина.

Иако се’ уште се калкулира и нема официјална информација, информациите говорат дека токму најновиот советник во Советот на општина Прилеп би можел да седне столчето Генерален директор на компанијата.

Александар Алексоски е 34-годишен дипломиран економист на Економскиот факултет во Прилеп. Бил вработен во “Комфи Ангел”, а од 2019 година работи во странската компанија “Гентерм”.

Алексоски како претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ се најде и на листата на советници за локалните избори во 2021 година, но дочека да седне во советничките клупи дури откако Дејан Проданоски и Билјана Кузманоска советничките места ги заменија со пратенички.

Иако се’ уште нема земено збор како советник, неговото име излезе како предлог за Бордот на директори во Тутунскиот Комбинат.

Во комбинатот се’ уште актуелен директор е доскорешниот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.