Ја спречуваме неконтролирана сеча на шумите и нелегалната продажба на дрва за огрев, која претставува сериозна закана врз еко-системот и намалување на шумскиот фонд, наведе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Формиравме координативно тело составено од членови од сите надлежни институции кое во најкус можен рок ќе започне со подготовка на системски мерки, со цел конечно решавање на состојбата со бесправното сечење на шумите“, потанцира Спасовски на фејсбук.
Тој денеска остварил средба со Аница Симонова, раководител на Сектор шумска полиција, Јулијана Николова, генерален директор на Македонски шуми, како и Сашо Јовановиќ од секторот за шумарство и ловство при МЗШВ.