“Ќе гласам за тој кандидат за градоначалник кој ќе вети ваков проект, Прилеп како во 70-тите”, гласи еден коментар на социјалните мрежи со фотографиите во прилог.
Во 70-тите години на минатиот век Прилеп изобилувал со зеленило, дрвореди, зелени огради, цвеќе…
Па луѓе ние тука сме ја имале Холандија, а сега се радуваме на бетонски или гранитни пешачки патеки…
Што мислите вие, кога Прилеп бил поубав, тогаш или денеска?
Авторот на фотографиите не ни е познат, па ако се уште е меѓу нас нека се јави, заслужува посебно внимание.