“Ќе ве вработиме одма по избори, пак гласајте за нас” – Дали прилепчани ќе паднат на оваа политичка “финта”?

Последниве денови засилена е политичката активност на двата најголеми политички блока во Македонија. Тотално спротивна кампања, различни ветувања, но и различни очекувања.

За власта ова е шанаса да продолжи, според нив со развојот на државата Северна Македонија, поддршка за тие 625 милиони евра инвестиции, новите работни места…

За опозицијата ова е шанса да се казни неспособноста на најнеспособната власт според нив, и можност за предвремени избори на есен.

Во првиот круг победи ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ за 18 месеци загуби повеќе од 6.300 гласови во Прилеп.

Опозицијата очекува убедлива победа во вториот круг во, базирана на незадоволството од непотизмот, двојазичноста, хаосот во Старата чаршија, незадоволството во “Еурокомпозит” и неспособноста на локалната власт?

Чии тези ќе победат ќе видеме за 5 дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.