Ќе ве вooдyшеват: Никола и Талиа во чecт на Македониja напpaвиja пpeкpacна пpepaботка на пecната “3aветна” (Видео)

Никола и Талиа Василови, или дуото “Танини”, се брат и сестра од Кавадарци кои неодамна направија прекрасна преработка на песната “Заветна” од Пепи Бафтировски.

Иако е уште мала, Талиа има врвен глас, а нејзиниот брат ја придружува со кларинет.

Спотот за преработката на песната е сниман во Националниот парк Пелистер, Националниот парк Галичица и куќата на цвеќето во Волкодери, ресенско, a истата е посветена на 29-годишнината од независноста на Република Македонија.

Слушнете ги, дечките се вистинско уживање за срце и душа, а кореографијата дополнително ќе ве восхити.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.