“Ќе бидам градоначалник на сите” – Игор Каравилоски ја презеде функцијата градоначалник во општина Кривогаштани

Игор Каравилоски од СДСМ ја презеде функцијата градоначалник во општина Кривогаштани и во наредните 4 годнии тој ќе ја предводи оваа пелагониска општина.

Функцијата Каравилоски ја презеде од својот сопартиец Николче Мискоски, а ова е трет последователен мандат оваа општина да ја предводат кадри од СДСМ.

-Денес со голема чест и одговорност ја презедов функцијата Градоначалник на Општина Кривогаштани. Свесен сум за довербата што ми ја дадовте и ветувам дека со посветена работа, транспарентност и искрена соработка со сите вас, ќе ја водам нашата општина кон подобро, помодерно и поразвиено утре. Ќе бидам градоначалник за сите, со отворени врати за секој жител на Кривогаштани. Продолжуваме со започнатите и со нови проекти, за поубава и поуспешна Општина Кривогаштани! Заедно продолжуваме напред – напиша Каравилоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.