ЕУ одлучи да ги игнорира проблематичните аспекти на процесот на ратификација на Догововорот од Преспа, аспекти спротивни на уставните норми и принципите на владеење на правото како во Македонија така и во Грција. Бидејќи и Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев немаат парламентарно мнозинство во парламентите, прoтуркањето на договорот во двете земји бараше политичко преговарање кое на моменти беше на границите со законитоста, пишува њујоршки Тајмс за договорот од Преспа.
Во Македонија, Заев, кој немаше двотретинско мнозинство во парламентот за промена на уставот на Македонија, ги искористи и заканите за судските обвиненија за корупција и сомнителниот закон за делумна амнестија за да ги поттикне пратениците на опозицијата да гласаат за неговите уставни амандмани. Опозициските пратеници во Скопје, наводно, биле под силен притисок од страна на поддржувачите и противниците на Преспа, вклучувајќи ги и странските влади, да гласаат соодветно. Секоја страна ја обвинува другата за закана од физичко насилство или за ветување поткуп.