„Љубовта е сила, моќ“ е најновата песна на прилепчанецот Гоце Петрески, кој живее во Сиднеј, Австралија. Песната е дует со Анета Мицевска и групата „Молика“. Музиката и текстот се креирани од таткото на Гоце, Иван Петрески, аранжманот е на Дејан Момироски, а песната е снимена во XL Studio. Видео спотот е снимен во Австралија. Видеото го сними Христијан Конески, кој исто така веќе извесен период работи и живее во Сиднеј, Австралија – oбјави порталот “Инфо Компас”.
Во продолжение уживајте во оваа прекрасна композиција: