Една девојка сакала да им се обрати на сите мажи ширум светот и да им објасни дека жените не се предмети и не треба да се доживуваат како сопствеништво.
Таа исто така сакала да им каже и дека тие имаат потреба од љубов, внимание, разбирање, како и внимателно пристапување.
Погледнете го моќното писмо од девојката позната под псевдонимот „Повеќе од убаво лице“.
Драги мажи,
Јас сум жена
Не сум предмет.
Не сум ни број на скала.
Јас сум кожа,
Јас сум срце со нерви и емоции.
Ако ме удрите, ќе ме боли…
Јас не сум само предмет за некој да ме посакува.
Не сум само привлечна и невина…
Јас сум чиста, и промискуитетна.
Низ животот носам етикета: лесно кршлива, пристапи со внимание.
Јас сум како книга напишана со зборови
Кои не можете секогаш да ги разберете.
Мојот ум е како речник на храброста и добротата
Иако вие го некогаш тоа го читате како слабост.
Моето срце е како поезија,
Тежнее за сладок мед
И сè уште чекам некој кој ќе умее да ме чита меѓу редови.
Јас сум само нежна жена сфатена на погрешен начин
Жена, борец на кој мажите некогаш ѝ беа сè,
а сега ништо.
Со почит,
Повеќе од убаво лице