ЉУБОВНА БАЈКА КАКВА СЕКОЈ БИ ПОСАКАЛ: Приказната за љубовта на Меси и Антонела ќе ги освои вашите срца (ВИДЕО)

Фудбалската ѕвезда Лионел Меси има две љубови во својот живот, Барселона и Антонела Рокуцо.

Колку што е лојален на Брселона, исто толку е лојален и кон својата сопруга Антонела. За време на детството Меси бил срамежливо и молчеливо дете, но една девојка го променила сето тоа.

Уште од малечки деца биле блиски и се дружеле. Во 2004 година Меси веќе бил во Барселона каде ги направил првите чекори во неговата кариера.

Во 2009 година се’ се сменило. Меси се вратил во Росарио за Божиќ и ја здогледал Антонела, која веќе станала прекрасна млада девојка.

Откако биле разделени 5 години, двајцата се заљубиле, а веднаш потоа Антонела се преселила заедно со Меси во Барселона.

Плод на нивната љубов е првото нивно дете Тиаго, а три години подоцна се родил и Матео. Во 2018 година семејството се збогати и со третото дете, Циро.

Меси посакува и четврто дете, а негова желба е тоа да биде девојче.

Иако многумина велат дека Антонела е со Меси поради пари, тоа е неточно. Тие биле заљубени уште како деца, но тогаш биле премногу мали за да бидат нешто повеќе.

Антонела се грижела за Меси за време на целото детство, а подоцна го напуштила универзитетот за да биде со него во Барселона.

Таа е првата љубов на Меси и веројатно ќе биде последна. Парот ја покажа својата скромност и за време на нивната венчавка, кога можеа да одберат да се венчаат во некој шпански замок или некоја песочна плажа, но венчавката се одржа во Росарио, каде и се’ започна.

Антонела и Меси денеска живеат во мало градче во близина на Барселона, а нивната љубовна приказна е навистина неверојатна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.