Прочитајте како ви се наклонети ѕвездите во 2016 година, кога станува збор за љубовта.
Овен
Ако сте сингл: Вие сте многу фокусирани и насочени кон постигнување на целите. Ако имате симпатии за некоја личност, постојат големи шанси вашиот однос да се развие во врска.
Ако сте во врска: Ова дефинитивно ќе биде ваша година. Вие сте толку независни што вам не ви треба некој – но сега, кога ја најдовте таа посебна личност, ова ќе биде една од најдобрите години досега.
Бик
Ако сте сингл: Потребна ви е конзистентност и не може да толерирате непредвидливи луѓе. Во потрага сте по некој што држи до својот збор. А ако запознаете некој посебен, вие нема да сакате веднаш да влетате во врска. Претпазливост е вашето средно име, а вие сакате да бидете 100 проценти сигурни дека тоа чувствата ќе ви бидат возвратени.
Ако сте во врска: Вашата тврдоглавост понекогаш може да ве доведе во неволја. Инсистирањето на тоа дека вие сте секогаш во право, може да доведе до кавги, па затоа направете напор следната година да посветите поголемо внимание на ставовите на вашиот партнер.
Близнаци
Ако сте сингл: Додека другите не можат да го тргант погледот од вашата симпатија, вие нема да имате проблем да останете со студена глава. Но, во 2016 година, немојте да го игнорирате импулсот за разговор со вашиот симпатија. Верувајте им на вашите инстинкти и можеби наскоро ќе го имате првиот заеднички состанок.
Ако сте во врска: Новата Година кај вас ќе ги разбуди конфликтните чувства. Дали се уште сакате да бидете во врска или би сакале да бидете соло. Размислете дали вашиот партнер сеуште ве возбудува и изненадува, ако не, тогаш можеби тој не е вистинската личност за вас.
Рак
Ако сте сингл: Ви треба време за да бидете отворени со луѓето, но 2016-тата година е годината кога конечно, ќе соберете храброст и ќе и кажете на симпатијата што точно чувствувате за неа.
Ако сте во врска: Вашите инстинкти се беспрекорни. Дали чувствувате дека сте ја запонзале совршената личност? Тогаш тоа со сигурно е така. Но, ако сметате дека нешто не е во ред, направете чекор назад и размислете дали навистина сте среќни во вашата врска.
Лав
Ако сте сингл: Сметате дека вашата симпатија не знае дека вие воопшто постоите? Размислете повторно. Благодарение на вашата голема самодоверба, дефинитивно сте и паднале во очи.
Ако сте во врска: Многу сериозно ги сфаќате врските и секогаш сте полни со разбирање за партнерот. Сепак, можеби би требало да се запрашате дали таа врска, е вредна за вашиот напор и труд, а потоа да одлучите дека не е.
Девица
Ако сте сингл: Вие сте многу пребирливи во однос на луѓето со кои го поминувате времето. Следната година ќе бидете позафатени од било кога и ќе имате време да се фокусира само на лицата (и симпатиите), што се најважни за вас. А потоа некој конечно ќе ви падне во очи.
Ако сте во врска: Обожавате постојано да му посветувате внимание на партнерот, но гледајте во 2016-та година да одвоите малку време и за себе.
Вага
Ако сте сингл: Можеби во моментов не сте вљубени, но љубовта ќе ве изненади кога најмалку очекувате. Имате тенденција постојано да се преиспитувате, но во 2016 година ќе покажете многу повеќе самодоверба. Ако сакате на симпатијата да и кажете се, слободно направете го тоа!
Ако сте во врска: Цела година правевете компромиси и работевте против своја волја, сепак, сето тоа ќе се промени во 2016-та година и вашиот глас заслужува да се слушне!
Скорпија
Ако сте сингл: Многу тешко стекнувате доверба во луѓето, особено ако во претходната врска сте имале лошо искуство. Тоа ќе се промени бидејќи ќе сфатите дека секоја личност нема намера да ве повреди.
Ако сте во врска: Одлични сте кога станува збор за запазување на нештата. Ако забележите дека партнерот се однесува сомнително, не плашете се да му го свртите внимание на однесувањето и на очигледните лаги. Најверојатно ќе бидете во право.
Стрелец
Ако сте сингл: Вие сте многу импулсивни, што значи дека многу често го говорите она што тој прво ќе ви падне на ум. Ова ве доведува до незгодни моменти кога се обидувате да ја импресионирате симпатијата. Но, не мора да се грижите, бидејќи таа ја цени вашата искреност, а до крајот на 2016 година, сигурно ќе бидете во врска.
Ако сте во врска: Вашата врска ќе биде посилна од било кога благодарение на довербата што ќе ја покажете кон партнерот. Знаете дека сте нашле неверојатна личност!
Јарец
Ако сте сингл: Иако многумина се плашат да ја повикаат симпатијата на состанок, вие сте навистина бестрашни да го направите тоа.
Ако сте во врска: Можеби ќе наидете на проблеми, но ќе ги надминете, поради чувствата што ги имате едни за други. Всушност, сите проблеми што ќе се појават во 2016-та година само ќе ве направат уште посилна двојка.
Водолија
Ако сте сингл: Имате проблеми со изразување на сопствените мисли, особено пред симпатијата. Сето ова ќе се смени оваа година, бидејќи ќе добиете напад на самодоверба која ќе ве натера да се изразувате како вистински поет.
Ако сте во врска: Секогаш сте имале силна врска со вашиот партнер, лесно можете да едни со други да си ги завршувате речениците. Оваа врска во 2016 година ќе стане уште посилна затоа што ќе ги изразувате своите чувства уште погласно и појасно отколку во 2015 година, и можно е понуда за брак.
Риба
Ако сте сингл: Следната година конечно ќе ги надминете сите ваши стравови и на симпатијата ќе и каже сè што ви лежи на душа.
Ако сте во врска: Вие сте неверојатни во врската затоа што вашиот партнер секогаш на прво место, но запомнете – вие не заслужувате секогаш да бидете во позадина. Во 2016 година конечно ќе се процените дали партнерот во врската носи толку многу страст, енергија и напор како и вие.