На 13.02.2026 (петок) со почеток во 18:00 часот во Ликовниот салон при НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп по четврт пат ќе се одржи поетско музичката манифестација „Љубов и вино“.
Вечерта ќе биде посветена на љубовта и виното. Ќе се дума за љубовта, за првите бакнежи… за виното и ќе се празнува 14-ти февраури, св. Трифун и св. Валентајн – Денот на вљубените.
На манифестацијата можат да учествуваат сите прилепски поети, писатели кои можат да се пријавуваат до 10 февруари на емаил адресата [email protected]. Гостин на овој настан ќе биде и КУД „Преродба 2024“.
Оваа поетско музичката манифестација ја реализираат Центарот за култура „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци – Прилеп.
























