Љубителите на спортот ќе уживаат до последна секунда: Вака боксуваше најдобриот боксер од Прилеп (ВИДЕО)

Дарко Чатлески е едно од најзвучните спортски имиња кои произлегле од Прилеп, не само во боксот туку воопшто на спортски план.

Спортската јавност во Македонија сеуште ги памети неговите борби и одлични настапи низ државата, но и надвор на европско тло.

Ова се само мал дел од неговите најдобри борби во кариерата:

Чатлески и денеска работи на промоцијана боксот и на издигнување на овој спорт на едно повисоко скалило. Неодамна на Градскиот базен “Маркови Кули” во Прилеп, во негова организација се случи “Profi Boxing Night Prilep”, настан кој беше дочекан со воодушевување од љубителите на спортот и што дефинитивно беше добредојден.

Дарко заедно со неговиот татко Ѓорѓи Чатлески го предводат боксерскиот клуб “АС” од Прилеп, каде работат со повеќе млади надежи, момчиња и девојчиња, кои треба да ги следат нивните спортски чекори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.