Референдумот во Македонија со кој граѓаните требаше дадат поддршка на договорот за промена на името, кој е потпишан со Грција, доживеа дебакл: На него излегоа нешто помалку 40 проценти од гласачите (за референдумот да биде успешен требаше излегување на повеќе од половина од гласачкото тело), пишува хрватскиот „Јутарњи лист“.
Ова лето на преспанското езеро е потпишан договорот со кој требаше да биде тргната препреката над сите препреки на патот на Македонија кон членството во НАТО (требаше да влезе со Хрватска во 2008 година и ЕУ (има статус на кандидат од 2004-та година). Решението утврдено со договорот не беше посебно иновативно, Република Северна Македонија е предложено уште во 1994 година. Но тогаш десните кругови го минираа договорот, објавувајќи ги пред тоа да го направи претседателот Киро Глигоров, се вели во текстот на Јутарњи.
Откако избирачките места беа затворени македонскиот премиер го објави очекуваното: консултативниот референдум пропадна, но процесот за промена на името на државата продолжува. Според првите информации 91 процент од излезените гласачи гласале „За“, што е доволно мнозинство и говори за „гласот на народот“. Во парламентот Заев нема доволно пратеници за двотретинско мнозинство како би го променил уставот (резултатот е 61:59, иако во меѓувреме дел од опозицијата застана на страна за прифаќање на договорот). Така што ситуацијата и понатаму е иста како и пред референдумот, се вели во текстот.
Одговорот на прашањето зошто Македонците така млако реагираа на референдумот не е еднозначен. Поголемиот дел знаеја дека процесот за промена на името ќе продолжи без разлика на резултатот, дел остана во неизвесност затоа што главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, ја ублажи својата реторика (тие биле во навистина шизофрена ситуација: се противат на договорот, но не и на влезот во ЕУ и НАТО), дел беа револтирани од најавите дека Албанците ќе излезат сите и ќе гласаат „ЗА“. Не неважно ниту влијанието на негативната кампања зад која стои Москва, како и изразито посилната кампања на проруските сили во Македонија, се вели во текстот.
Не се промени значи ништо, процесот ќе продолжи и ќе зависи од способноста на премиерот Заев во Собранието да добие уште пратеници да може да изгласа промена на уставот. А тоа го знаевме и во саботата, се вели во текстот.