Откако во јануари 2013 година “се ослободил од ланците” за патот до отпадот, крузерот “MV Ljubov Orlova”, кој е произведен во поранешна Југославија, лута како дух по Атланскиот океан, пишува “Newsweek”.
Ова е голем брод за патнички крстарења околку Атлантикот и Арктикот, направен е на бродоградилиште во “Титова Југославија” во градот Краљевич 1976 година. Овој крузер е оспособен за патување по ледените мориња, па иако не е виден од февруари 2016 година, се претпоставува дека сеуште не е потонат
“Љубов Орлова” од употреба е излезен во 2010 година и по две години на пристанишето “Сент Џон” , поради влошена состојба, одлучено е да биде пренесен на отпадот во Доминиканската Република.
По само еден ден патување, кабелот за влечење се скинал, а “Љубов Орлова” одлутал во непознат правец. Поради ризик по нафтените и гасните полина во регионот, канадската морнарица испратила брод да го пронајде југословенскиот крузер и да го одвлече во меѓународните води, каде е повторно пуштен да лута на слобода.
Ф.Г.