Старата дама ја освои петтата последователна титула во Сериа А, а спортскиот директор Марота ќе има многу тешка задача да ги задржи главните играчи во тимот и за наредната сезона.
Флорентино Перез најверојатно, уште првиот ден од прелазниот рок ќе ја активира повратната клаузула во договорот на Алваро Мората и ќе го врати детето на Реал Мадрид за 30 милиони евра.
Па според тоа, Јувентус се сврти кон алтернативни решенија, а прв пик е сјајниот Уругваец Едисон Кавани. Неговата цена е околу 40 милиони евра.
А.Г.