Ако после почетните неколку кола од италијанската Сериа А, сите се потсмеваа на резултатите на шампионот, сега сите гледаат со неверување кон победничката низа на Јуве.
Десетата последователна победа, тимот на Масимилиано Алегри ја забележа против тимот на Удинезе со 4:0 уште во првото полувреме. Стрелци на головите беа фантастичното младо момче Паоло Дибала во два наврати, Сами Кедира и Алекс Сандро по еднаш, при што и за другите два гола асистираше двојниот стрелец Дибала.
Шампионот се врати на старите патеки, и ита кон петтата последователна титула во Сериа А.
Иако на почетокот од сезоната се одрази заминувањето на Артуро Видал, Андреа Пирло и Карлос Тевез, сега тимот е добро усогласен и ги користи придобивките од подмладувањето на тимот, како и силната карактеристична за Јуве одбрана.
Јуве е на 2 бода од врвот, каде и понатаму се наоѓа тимот на Наполи.
Во наредното коло на Јувентус Арената гостува Римската Волчица, при што со ваква игра можна е одмазда за поразот на Јуве во Рим, во претходната полусезона.