Јубилеен “Новогодишен концерт” на ООМУ„Ордан Михајлоски-Оцка“

Традиционално, како и секоја година, ООМУ„Ордан Михајлоски-Оцка“ организира новогодишен концерт.

Празничниот дух и новогодишната еуфорија во Прилеп се будат токму со овој настан. Новогодишниот концерт на музичкото училиште оваа година има посебно значење. Имено, се одбележуваат 80 години од смртта на патронот Ордан Михајлоски- Оцка и 80 години од создавањето на неговата песна “А бре, Македонче” – химната на партизанското движење во Македонија.

И оваа година ќе имаме можност да уживаме во изведбите на ученици од сите инструментални оддели од училиштето, како и поранешни ученици, а сега дел од државните музички училишта, факултети како и дипломирани музичари. Секако, тука се и ученичките хорови, хорот од наставниците и оркестарот од училиштето.

Концертот ќе се одржи во големата сала во НУЦК “Марко Цепенков” на 22 декември во 19:00 часот. Влезници по цена од 100 денари можете да купите од музичкото училиште.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.