Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, вчера заедно со сопругата навиваше за Вардар во Келн.
На пат за до “Ланксес Арената”, Тарчуловски го посети затворот во Шевенинген, каде помина 6 години од затворската казна која му ја одреди Хашкиот трибунал.
Јохан е првиот кој што бил во затворот на кого му било дозволено да влезе во посета.
Тарчуловски во затворот во Шевенинген беше до 2011 година, а последните 2 години од казната ги одлежа во германскиот град Диц.