Во текот на вчерашниот ден имавме чест да оствариме средба со министерот за спорт, Борко Ристовски, со кој што одржавме конструктивен разговор на тема постоечка спортска инфраструктура во Прилеп – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
-Во текот на разговорите посебен акцент беше ставен на Универзалната сала и салата Македонија, кои за жал во овој момент се нефункционални за нашите спортски клубови и спортисти (иако многу пати реагиравме и до претходната централна власт).
Со голем оптимизам очекуваме дека преку новоформираното Министерство за спорт, ќе успееме заеднички да најдеме начин и да пуштиме во употреба барем една од овие сали во најскоро време.
Наша заедничка цел е да ги подобриме условите за спорт во нашата општина, и ќе го оствариме тоа, како и да го вратиме достоинството на прилепските спортисти и да создадеме подобра спортска инфраструктура која ќе им овозможи на младите да развиваат здрави спортски навики и да постигнуваат успешни резултати не само во Прилеп, туку и во цела Република Македонија – напиша Јовчески по средбата со министерот Ристовски.