Kандидатите за градоначалници за општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Борче Јовчески и Горан Сугарески, во пресрет на изборната кампања испија заедничко кафе во центарот на Прилеп
-Денес на кафе-средба со кандидатот од редовите на СДСМ, Горан Сугарески, разговаравме на повеќе теми во очи изборите на 17 октомври. Дојдовме на заеднички став дека изборите и изборната кампања треба да поминат во фер и демократска атмосфера, напиша Д-р Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во политиката постојат политички конкуренти, а не непријатели. Задачата на секој одговорен политичар е да ги обединува граѓаните, не да сее раздор помеѓу нив. Одговорноста за тоа лежи во секој учесник во изборната трка, без разлика на која и на каква кандидатска листа се наоѓа.
Ова беше главниот мотив, во пресрет на почетокот на изборната кампања за локалните избори, да иницирам средба со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.
Се залагам и апелирам на достоинствена и фер кампања, во која кандидатите и политичките субјекти ќе се натпреваруваат со идеи и проекти, а не со меѓусебни навреди и клевети. Само на тој начин ќе покажеме дека ние, политичарите, работиме во интерес на граѓаните и на локалната заедница, напиша СУгарески после кафе средбата со Јовчески.