Јовчески и Коњановски делегати на XVII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ (Фото)

ВМРО-ДПМНЕ денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје го одржува XVII Конгрес на партијата.

Настанот започна во 10:00 часот со регистрација на гостите, на делегатите и претставниците на медиумите, пошто следуваше 3атворениот дел од Конгресот.

На конгресот присутни се и градоначалниците на Прилеп и Битола, Д-р Борче Јовчески и Д-р Тони Коњановски.

Во 17:30 часот продолжува отворениот дел за јавноста, во чии рамки ќе биде и обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.