Јовчески: За една година реализиравме над 60% од ветеното и покрај наследените долгови од 5 милиони евра

Реализирани околу 60 проценти од програмата и покрај тешката наследена финансиска состојба е одличен резултат во првата година од мандатот на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Во неговото обраќање за регионалната средба и трибина на општините од Пелагонискиот плански регион, Јовчески се осврна на дел од проблемите со кои се соочил како градоначалник на општината.

-Наследивме долг од 300 милиони денари и оваа состојба мораше да биде почетната точка на мојот мандат. Изминатава година веднаш започнавме да се справуваме со предизвиците и ветувањата кои ги дадовме пред изборите на граѓаните, а годинава успеавме да исполниме голем број од нив, кажа градоначалникот Јовчески.

Јовчески даде и краток осврт за најголемите проекти кои ги реализира општината во првата година општина Прилеп.

-Завршени се градежните работи на градинката во населба Точила, а остануваат уште некои активности на министерството за труд и социјална политика околу внатрешното доопремување. Градинката е со капацитет за најмалку 250 деца, а за најмладите го реализиравме и ветувањето за доделување по 6000 денари за секое новородено дете во нашата општина. Во завршна фаза е изградбата на крак на плоштадот Методија Андонов Ченто, кој е со површина од околу 3.500 метри квадратни, кој е изграден со целосна инфраструктура и урбана опрема, додаде Јовчески.

Како еден од најголемите капитални проекти на општина Прилеп во идната 2023 година, градоначалникот Јовчески го издвои проектот за уредување на еден од влезовите во Прилеп, од страната на Крушево. Станува збор за ново булеварско решени во должина од повеќе од 2 километри, каде општината ја има завршено целата потребна документација, а следна фаза е спроведување на тендерските постапки и почеток на градежни работи, која градоначалникот Јовчески најави дека може да започнат до крајот на годинава.

Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.