Јовчески во посета на “Кромберг и Шуберт”: “300 прилепчани работат во одлични услови”

Градоначалникот на општина Прилеп ја посети фабриката на “Кромберг и Шуберт” во индустриската зона “Жабени” кај Битола.

-Во официјална посета на компанијата „Кромберг и Шуберт“ во Битола се уверивме во навистина одличните услови во кои што работат во моментов околу 300 прилепчани.

Од страна на одличниот менаџерски тим бевме запознаени со производствениот процес на компанијата и со фактот дека во моментов оваа фабрика брои над 5000 вработени, што за нашиот пелагонсики регион претставува навистина сериозна бројка.

Соработката со „Кромберг и Шуберт“ како една од најголемите општествено одговорни компании и нашата Локална самоуправа, сигурен сум дека ќе ја одржуваме и ќе ја продлабочиме во наредниов период – напиша градоначалникот на општина Прилеп на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.