Со цел да ги подобриме условите за работа во сите училишта во нашиот град, во првата година од нашиот мандат инвестиравме повеќе од 30.000.000 денари во основните и средните училишта во општина Прилеп – информира на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Заедно со директорите на училиштата реализиравме: реконструкции и рехабилитации на училниците, ходниците, тоалетите, кабинетите, наставничките канцеларии, спортските сали и спортските игралишта, исто така поставени се и огромен број на образовни помагала – смарт табли, компјутери, телевизори, хортикултурно и партерно уредување на дворовите и многу други проекти. Нашиот план е со континуирано вложување да изградиме поквалитетен образовен систем – пишува Јовчески.