Во духот на вековната традиција, положувањето на светиот крст се одржа во Крушево, како и во населените места Бучин, Свето Митрани, Врбоец и Пуста Река.
Во Крушево, најсреќниот учесник кој го извади светиот крст од водите на Крушевското езеро беше Јованчо Бубаќоски.
Тој доби честитки и желби за здравје, среќа и напредок од градоначалникот на општината, Нико Чонески, како и пригодни подароци.
Во населените места, крстот го фатија Шопески Матеј во Бучин, Маркоски Богојче во Свето Митрани и Митрески Александар во Врбоец.
-На сите нив им упативме искрени честитки со желби за добро здравје, лична среќа и многу успеси во годината што е пред нас. Водени од силната вера и заедништвото што го носи овој голем празник, нека ни биде потсетник да негуваме добри мисли, да бидеме похумани и посолидарни, да живееме во слога и заедно да работиме за подобра иднина за сите. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление – Водици! Бог се јави – порача Чонески.


































