Јованоски се заблагодари за поддршката за втор мандат

Aктуелниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски преку Фејсбук статус се заблагодари за поддршката за негов втор мандат

“Почитувани сопартијци,

Драги пријатели,

После завршувањето на внатрепартиската постапка за предлагање кандидати за градоначалник на општина Прилеп од редовите на СДСМ, сакам да ви се заблагодарам на искажаната поддршка за мојата кандидатура за претстојните локални избори.

За мене и за мојот тим, вашата поддршка е мотив повеќе за постигнување уште подобри резултати и реализација на уште повеќе проекти.

Убеден сум дека заедно со вас ќе оствариме нова победа за СДСМ, нови успеси за граѓаните на општина Прилеп.

Ви благодарам”,напиша Јованоски.

Според последното истражување на МЦМС, Јованоски имаше рејтинг од 1,1%

Неофицијално на партиските анкети бил подобар од неговите противкандидати Миле Талевски и Горан Сугарески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.