Јованоски на “кратко” ремче, Сугарески чека од зад врата да влезе во игра, Заев калкулира

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера ги соопшти првите 30 имиња за кандидати за градоначалници кои ќе трчаат за прв човек во нивните општини.

Поголемиот број од овие имиња се веќе актуелни градоначалници, а како што кажа Заев тоа било така, затоа што овие кандидати уживале доверба кај граѓаните и ќе биле победници на локалните избори.

Меѓу 30-те имиња не се најде име за општина Прилеп, каде двајца кандидати објавија дека поднеле кандидатура за прв човек на општината.

Актуелниот градоначалник, Илија Јованоски, неодамна се заблагодари на членството и истакна дека тој ќе биде кандидатот на владеачката партија.

Конкуренција му е поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој исто така поднесе кандидатура и ја напушти раководната функција директор на Царинската управа.

Од пред два дена Сугарески се врати на неговото работно место во општина Прилеп, а и тој како Јованоски е сигурен дека ќе ја добие внатрепартиската битка и ќе трча за прв човек на Прилеп.

Според претходно најавеното, втората тура имиња за кандидати за градоначалници СДСМ ќе ја објави кон крајот на август.

Што мислите вие, кој од овие двајца кандидати е посоодветен да ја трча градоначалничката трка во октомври?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.