Јовановиќ предвидува pacпад на СДСМ? “Целта е на следни избopи со партијата да се пребрише патос”

Hезадоволните членови во СДСМ се спремни за фракционерство или формирање на нова политичка партија? Со овие прашања многу се шпекулира во политичките кулоари, по изборот на Димитар Ковачевски за нов претседател на партијата, иако во реалноста малку што се случува.

Кандидати за фракционери во СДСМ има повеќе, но засега јавно беше спомнато единствено името на Петар Атанасов, поранешниот функционер на партијата, а едно време и заменик министер за образование во владата на Зоран Заев. Обвинувањето кон Атанасов јавно го искажа аналитичарот Ненад Јовановиќ со објава на социјалните мрежи.

– Да ви кажам што е во игра. Да не ве бунат аналитичари, професори, доктори на науки и останата котерија на “угледни” и “информирани”. На сцена ќе одвива расцепување и раслојување на СДСМ. Има најави за нова партија на разочарани од СДСМ. Петар Атанасов се курдисуе (по “скопски”) да откинуе членство (уште еднаш по “скопски”). Што значи тоа? Се брише простор за ВМРО и Мицињата. Целта е на следни избори со СДСМ да се пребрише патос. Изборен. Зборуваше мојата маленкост две години наназад, ама изгледа не бев доволно “етаблиран” за да бидам разбран – напиша Јовановиќ на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.