ЈКП „Водовод и канализација“ ќе замени 10км водоводна мрежа до крајот на 2015

11

Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ до крајот на оваа година ќе замени околу десет километри водоводна мрежа што е во согласност со оперативниот план на ова претпријатие. До сега заменети се 7,5 километри водоводна мрежа која се поставува напоредно со реализацијата на проектот за изградба на нова канализациона мрежа, истакна директорот на ова јавно претпријатие Сашко Николоски. До крајот на оваа година останува нова водоводна мрежа да биде поставена и на краци на улиците „Беровска“ и „Тетовска“.
Николоски во изјава за медиумите додаде дека во 2015 година направени се улиците: „Димо Наредникот“, „Цар Самоил“, „Козара“ и „Кеј 1-ви Мај“.

12

Градоначалникот Ристески истакна дека по завршувањето на проектот за промена на водоводната мрежа кој беше донација од КФВ банка, Владата на Р.Македонија и Општина Прилеп кога беше извршена промена на околу сто километри водоводна мрежа Прилеп важи за град со најдобро водоснабдување.

13

Во таа насока секоја година обврска на ЈКП „Водовод и канализација“ е да биде извршена промена на околу десет километри нова водоводна мрежа онаму каде што има потреба, се со цел да се подобри квалитетот на водоснабдувањето во градот и да се намалат губитоците на вода од водоводната мрежа.

14




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.