Јане Ченто – при сослушување пред јавното обвинителство 2018 година.
„Не се чувствувам виновен за делото кое ми го ставате на товар, и никогаш не сум работел против интересите на Македонија, но спремен сум да се спогодам со Вас, мене осудете ме на доживотен затвор, а останатите 35 луѓе пуштете ги на слобода, подобро еден невин да лежи во затвор отколку 36 патриоти.
Имам аманет да ја чуваме АСНОМСКА Македонија и тоа ќе го направам.”
Методија Андонов Ченто – При сослушувањето во истражниот затвор – август 1946
“Пред својата совест не се чуствувам виновен, бидејќи и не сум мислел да работам против интересите на југословенските народи.
Обединувањето на македонскиот народ го сметам за последен долг кон својот народ, кој е многу измачен, особено со поделбата на Македонија на три дела во 1912 година. Заради тоа доколку решев и успеев да се префрлам во Америка, и ако ми се дадеше возможност тој свој политички став и јавно би го изнел, пред Обединетите Нации и Мировната конференција, со цел да допринесам за обединување на македонскиот народ“