Екипата на Борец се реши за тренерска смена и на местото на Борче Христов ќе седне поранешниот македонски репрезентативен голман, Јане Николоски.
Николоски кој е поранешен македонски репрезентативец, во својата тренерска кариера досега ги предводеше екипите на Арис Лимасол од Кипар, македонските екипи Хоризонт Турново, Дрита и Победа, а последно беше на клупата на Слога од Виница.
47-годишниот стратег веќе пристигна во Велес и потпиша договор со Борец.
Првиот тест како нов тренер ќе го има викендов, кога Борец игра против Академија Пандев.