Спрема програмата за изградба и реконструкција на основните училишта за 2024год. владата одобри 4 милиони евра за сите основни и средни училишта ширум државата – пишува во ФБ статус директорот на ООУ “Климент Охридски” од Прилеп, Ахил Јаков.
Неговиот ФБ статус во целост го пренесуваме во продолжение:
-ООУ”Климент Охридски” од Прилеп конкурираше со готови,спремни изработени проекти во висина од 200 000 еу
Во службен весник денес на нашето училиште беа одобрени 150 еу.
Или во превод на сите основни училишта од Прилеп што конкурираа од колачот на 4 милиони евра сите заедно добија околу 600еу.
Благодарност до нив,благодарност на комисијата за распределување од нас и голема благодарност од учениците и родителите на сите ученици што учат во основните училишта во Прилеп.
Прилеп ќе ве памети!