Јадење лесно за подготовка што освојува со својот полн вкус при првиот залак. Одлично е како главно јадење, а исто така и како ладно предјадење.
Состојки:
тиквички 2 кг, мешано мелено месо 0,5 кг, кромид 1 мала главица, јајца 4, млеко 100 мл, сол по вкус, бибер по вкус, магдонос по вкус, брашно 100 гр
Како да се подготви:
Исчистете ги тиквичките, исечете ги по должина, посолете и оставете ги на страна да истече водата.
Кромидот добро пропржете го на малку масло, потоа додадете мелено месо, сол, бибер, магдонос и други зачини по вкус. Исцедете ги тиквичките малку од водата, а потоа превртете ги лесно во брашно. Се реди во тава во која претходно сте сипале малку масло. Наредете ред тиквички, ред месо и завршете со тиквички.
Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна да се пече околу 15 минути. Потоа отстранете ја фолијата. Изматете 4 јајца со 100 мл млеко и прелијте ги тиквичките. Вратете се во рерна уште 15 минути за добро да се испече. Оладете малку, потоа исечете ги на коцки и послужете.