Белграѓанката Милка Милисављевиќ (85) работела како дадилка во домот на Доналд Трамп, новиот претседател на САД цели осум години.
„Доналд Трамп е многу добар и вреден, не е несмасен и мрзелив, тоа е човек кој има добра и голема душа. Тој ги сака сите, не знае да мрази луѓе. Кај него нема вештачко, се е природно. Инаку, многу ја сака Србија и го сака српскиот народ и жените“, вели баба Милка, србинка која на крајот на седумдесетите и осумдесетите години ги чувала двајцата сина на новиот претседател на САД Доналд Трамп.
Како што вели, таа работела за Трамп осум години, а тој на неа гледал како на член од семејството, поради што таа се чувствувала како дома.
– Ги чував синовите на Трамп, Доналд Џуниор и Ерик. Како дадилка кај Трамп поминав осум години. Добро плаќаше, беше дарежлив. И замислете, секој роденден ми даваше илјада долари. Инаку многу ги сакав негоите деца, и тие мене. Ги сакав повеќе од себеси, ги сакам и ден-денес – вели баба Милка и додава дека многу би сакала и денес да ги сретне.
Таа истакнува дека Трамп бил особено внимателен кон своите наследници, и се трудел да им посвети што повеќе време.
– Ќе дојде дома, ќе ги измие рацете, ќе го остави сакото на своето место, бидјќи поради неовата Ивана не смееше да ги фрли било каде, а потоа ги бакнуваше децата. Сакаше да ги држи во скут и така да зборува со нив. Ги прашуваше како го поминале денот, но ги испрашуваше и каква сум јас. Не играше многу со нив, повеќе сакаше да зборува – вели баба Милка.
Таа вели дека и е жал што Доналд се разделил од Ивана, бидејќи во бракот добро се служувале.
Баба Милка открива и дека Трамп не бил многу пребирлив кога станува збор за храната:
„Јадеше што било, ќе најдеше во кујната тенџере со шпагети и јадеше директно од него неколку залчиња. Многу сакаше сарми, полнети пиперки. Но никогаш не пиеше, освен некој сок од домати или пак млеко. На една роденденска забава, на која беше присутен и претседателот Реган, Доналд пиеше само сок од домати.“