Љубљанската бурекчилница „Бурек Олимпија“ ќе му ја плати глобата на доставувач на храна, кој бил казнет зашто во време на епидемиja jaде на јавен простор. Бурекчилницата има само еден услов – момчето да докаже дека јаде од нивниот популарен бурек со сирење.
“Го баравме славниот доставувач на храна кој минатата недела во Љубљана плати казна зашто јaдел на скалите пред Фрањевската црква. Ќе го прашаме каде го купил бурекот. Ако испадне дека е наш бурекот, подготвени сме да му помогнеме да ја плати казната“, објави на Фексбук познатата бурекчилница.
Словенечките медиуми пренесуваат дека истата бурекчилница е еден од парнерите во фудбалскиот клуб Олимпија, а деновиве бесплатен бурек до крајот на животот им ветила и на членовите на словенечката репрезентација, откако успеаја да се пласираат во Б групата во Лигата на нациите.
Случајот на непознатиот доставувач на храна, кој е казнет со 400 евра зашто во време на локдаун во центарот на Љубљана, во пауза од работа седнал на брзина да појадува, а со тоа ја симнал и маската, е главна тема на социјалните мрежи во Словенија, но и повод за политички циркус, коментира Јутарњи лист. За случајот расправал и словенечкиот парламент.