Јагне за Велигден за „само“ 100 евра

Поради тоа што поголемиот јагниња годинава беа откупени за извоз за католички Велигден и најмногу за Италија, тоа се одразува на цената по оние малку што останаа да се продаваат на домашниоот пазар.

Граѓаните кои сакаат да купат јагне за празникот Велигден, ќе треба да потрошат околу 100 евра, но сточарите се жалат дека интересот е слаб, пишува порталот „Фактор

„Од сточарска фарма е поевтино и купувачот ќе види кое јагне го сака. Купуваат и од фармери директно, ако има јагниња. На граѓаните им е скапо, на нас евтино“, велат сточари за Фактор.

„Од сточар најскапото е 300 денари за килограм жива мера.

Ако е заклано цената е од 450 до 550 денари за килограм. Зависи кое јагне, според квалитетот. Прва класа ќе изнесува 450 до 480 денари килограм, млечно, младо јагне.

Втора класа е ако јагнето жива мера е над 20 килограми. Тоа е до 530 денари, ако го земаат од фарма, а во кланица е поскапо, над 600 денари за килограм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.