Во пресрет на 43-от роденден на нашиот ангел, под мотото „Срце није камен“, во спомен куќа на Тоше Проески се реализира хуманитарна продажна изложба на уметнички слики, нацртани на камена плоча со акрилни бои, со ликот на Тоше.
Уметничките слики изработени се од вредните раце на Светлана Зуламоска Грозданоска, уметник, стилист која веќе подолго време е позната по своите творби пред македонската и пошироката јавност, како гостин во емисии за светски таленти, на руска и други светски телевизии, портали и по социјалните мрежи.
До пред извесен период Светлана беше позната по изработката на портрети на познати јавни личности од коса, меѓу кои особено впечатлива беше изведбата на портретот на Тоше.
Светле во изминатиот период креативноста ја искачи на уште едно ниво, и почна својот уметнички талент да го изразува преку сликање со акрилни бои на камена плоча. 12 нејзини дела со ликот на Тоше се изложени во спомен куќата во Крушево и посетителите може да ги видат. Изложбата е од продажен карактер, со продажни цени и со правила за наддавање.
Сите собрани парични средства Светлана, хуманитарно ќе ги донира, за медицински третман и лекување на малиот Војдан Спасовски, кој боледува од церебрална парализа.
Делата на Светле, почетните цени за наддавање и правилата можете да ги погледнете ТУКА