На 29.11.2016 во ЈОУ Гратска библиотека „Борка Талески“ се одржа ЈАВНА ДЕБАТА, организирана од страна на ЛМО „Здружение на млади економисти“ при СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ Прилеп. Тезата на дебатата гласеше: Овој дом верува дека, сè уште во Република Македонија, државните универзитети го имаат квантитетот наспроти приватните универзитети, но дали и квалитетот?
На оваа вечер и претходеше преелиминарна рунда меѓу шест тима од средните училишта на град Прилеп на која се избраа два најдобри кои во финалето ги бранеа своите ставови. Финалисти беа: Анастазија Христоска и Мартин Спиркоски од СОУ Гим.„Мирче Ацев“ и Анастасија Бошкоска и Михаил Алексоски од СОУ „Ѓорче Петров“. Како судии на оваа дебата беа професорките по македонски јазик од економското училиште: Лидија Паноска, Соња Мирческа и Цеца Видова-Трајческа, како и тренерите од Дебатниот клуб: Димитар Врглевски и Ева Петреска. За најдобар тим, беше избран тимот на Гимназија кои ја бранеа негативната страна на тезата.